Cüneyt Karadağ
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
БЕРЛИН
Германската канцеларка, Ангела Меркел, повторно имаше тремор, пренесува Anadolu Agency.
Меркел, при интонирањето на националната химна на официјалната церемонија за дочек на премиерот на Финска, Анти Рине, повторно се тресеше.
Забележано е дека канцеларката Меркел за време на треперењето ги стега забите и се обидува да се контролира.
Официјален претставник од Кабинетот на канцеларката, кој не сакаше да биде именуван, истакна дека Меркел е во добра здравствена состојба.
Германската канцеларка имаше тремор по трет пат во последните 3 недели.
Меркел, исто така, се тресеше и за време на посетата на украинскиот претседател, Владимир Зеленски, на 18 јуни, и во Претседателската палата, на 27 јуни, при назначувањето на министерката за правда, Кристин Ламбрехт.