Hamdi Yıldız
19 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Бројката на новинари кои израелската војска ги уби во Појасот Газа од 7. октомври минатата година досега се зголеми на 148, известува Анадолу.
Новинарот Абдула Ал-Наџар е последната жртва на израелските бомбардирања на Појасот Газа, во кои во текот на ноќта се убиени десетици цивили во бегалските кампови Ал Нусејрат, Џабалија и Бурејџ во блокираната енклава и градовите Бејт Лахија, Рафа и Газа.
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека тројца Палестинци се убиени, а голем број се ранети во бомбардирање на бегалскиот камп Ал Нусејрат во Газа.
Палестински цивили се убиени и ранети и во бомбардирањата на градот Газа и во гранатирањата на подрачјата околу Џабалија, Бејт Лахија и болницата Камал Адван во северна Газа.
Северна, источна и централна Рафа, како и бегалскиот камп Бурејџ во централна Газа повторно беа бомбардирани од израелските борбени авиони.
Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади на Појасот Газа се убиени над 35.386 Палестинци, воглавно деца и жени, а 79.366 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.