Muhammed Semiz
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 248, меѓу кои се 66 деца и 39 жени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израел од 10 мај од воздух и од копно вршеше напади врз Појасот Газа.
Израел и Хамас, со посредство на Египет, во четвртокот вечерта договорија прекин на огнот, со што се стави крај на неколкудневните израелски напади врз Газа.
Министерството за здравство во Газа доцна синоќа објави дека бројот на Палестинците што ги загубија своите животи во израелските напади од 10 мај е зголемен на 248, вклучувајќи 66 деца и 39 жени, а дека бројот на ранети достигнал 1.948.
Од друга страна, палестинските групи на отпорот во Газа претходните денови до примирјето испалуваа ракети како одговор на израелските напади. Од ракетите во Израел настрадаа 12 лица.
До ескалација на тензиите дојде поради нападите врз верниците за време на Рамазан, светиот месец на муслиманите, во комплексот на џамијата „Ал-Акса“, и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од квартот Шеик Џaрах во Источен Кудс (Источен Ерусалим).