Zehra Nur Düz
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Во експлозијата во пристаништето Бејрут во Либан, загинаа најмалку 50 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство Хамад Хасан соопшти дека бројот на загинати во експлозијата во Бејрут е зголемен на 50, а дека се повредени најмалку 2.750 лица.
Локалните медиуми наведуваат дека реалните бројки би можеле да бидат многу поголеми од официјалните.