Ikrame Imane Kouachi
07 Декември 2024•Ажурирај: 08 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Телата на седум Палестинци се извлечени од под урнатините денес , со што бројот на убиени Палестинци во израелскиот воздушен напад врз дом во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа се искачи на 24.
Медицински извори за Анадолу изјавија дека телата на седум Палестинци биле извлечени од урнатините од куќата на семејството Ал-Нади, која беше погодена од израелските сили синоќа.
Првично, 17 Палестинци беа убиени, а над 50 други, главно жени и деца, се повредени во нападот, изјавија медицински извори за Анадолу.
Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, во којашто досега се убиени над 44.600 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се речиси 106.000.
Геноцидот во Газа влезе во својата втора година кога наиде и на зголемена меѓународна осуда, кога официјални лица и институции ги осудија нападите и блокирањето на испораката на хуманитарната помош како намерен обид за уништување на населението.
Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.