Ihvan Radoykov
18 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
СОФИЈА (АА) - Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека 10 дипломати кои работат во Амбасадата на Русија во Софија се прогласени за персони нон грата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на бугарското МНР се наведува дека руските дипломати акредитирани во земјата имаат рок од 72 часа да ја напуштат Бугарија.
Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Васил Георгиев, ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова во Министерството и ѝ даде нота за депортирањето на дипломатите.
Од бугарското МНР соопштија дека дипломатите кои ќе бидат депортирани, извршиле дејствија во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.
Инаку, бројот на дипломати кои од 2019 година досега се депортирани од Бугарија со образложение дека вршеле шпионажа, се искачи на 20.