Ömer Tuğrul Çam
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), Урсула фон дер Лајен, истакна дека процесот на Украина на патот кон Европа е започнат и дека Комисијата на ЕУ ќе продолжи по овој пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен на социјалните мрежи објави соопштение во однос на видеоразговорот со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Го уверив претседателот Зеленски дека поддршката на ЕУ ќе продолжи. Патот на Украина кон ЕУ започна“, нагласи Фон дер Лајен, додавајќи дека во вакви моменти е потребна визија, упорност и издржливост.
„Комисијата на ЕУ, исто така, ќе продолжи по овој пат“, рече Лајен.
Истакнувајќи дека го информирала Зеленски дека ќе биде исплатена втората транша од 300 милиони евра од претходно одобрената макрофинансиска поддршка на ЕУ, Фон дер Лајен рече: „На храбриот народ на Украина овие пари му требаат токму сега. Овие пари ќе ги поддржат финансиите на земјата додека продолжува оваа бесмислена војна.“
Украина поднесе барање за членство во ЕУ на 28 февруари, по почетокот на руската офанзива на 24 февруари. Земјите од ЕУ побараа мислење од Комисијата на ЕУ за апликацијата за членство.