Mehmet Solmaz
20 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
БИРМИНГЕМ (АА) - Додека спорот за платите во Велика Британија продолжува, синдикатот што ги застапува работниците на Брзата помош соопшти дека нивните членови ќе организираат уште 10 штрајкови во наредните недели и се заканија со дополнителни штрајкови доколку не се постигне решение, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најавата за нови штрајкови дојде на последниот ден од штрајкот, по што работниците на Брзата помош ќе излезат на штрајк следниот понеделник.
Во писмената изјава, генералната секретарка на синдикатот, Шерон Грахам, рече: „Наместо да дејствува за заштита на НХС (Националната здравствена служба) и да преговара за решавање на спорот, Владата срамно избра да ги демонизира вработените на Брзата помош. Министрите намерно ја доведуваат во заблуда јавноста за тоа кој е виновен за големиот број смртни случаи.
Вработените во Брзата помош ќе им се придружат болничарите и ГМБ, генералниот синдикат во Обединетото Кралство, кој објави дека над 10.000 нивни членови во Англија и Велс, ќе штрајкуваат на истите датуми.
Вработените во Брзата помош ќе штрајкуваат и на 6 февруари, придружувајќи им се на илјадници медицински сестри кои ќе излезат во потенцијално најголемиот штрајк во историјата на Националната здравствена служба.
Претходно оваа недела, наставниците, машиновозачите и медицинските сестри најавија нови штрајкови што ќе се одржат во февруари и март.