Zuhal Demirci
21 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
ЛОНДОН
Пропалестинските активисти ја презедоа контролата врз фабриката за оружје на израелската одбранбена компанија „Елбит системс“ (Elbit Systems) во Олдам, Велика Британија, и го запреа производството, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Групата активисти со седиште во Велика Британија наречена како „Palestine Action“ ги затвори вратите на фабриката за оружје „Елбит Феранти“ (Elbit Ferranti) на израелската компанија за одбрана „Елбир системс“ во Олдхам.
Активистите, качувајќи се на покривот, ја обоија зградата во црвена боја.
На покривот на фабриката, активистите истакнаа транспарент со името на групата.
И покрај брзата интервенција на полицијата, пропалестинските демонстранти уништија дел од машините што се користеа во објектот.
Во писмената изјава, групата „Palestine Action“ истакна дека со окупација на областа и со спречување на работата во фабриката, активистите го блокирале протокот на оружје и воена технологија што Израел ќе ги искористи за да изврши воени злосторства врз палестинскиот народ.
Поддржувачите на Палестина исто така нагласија дека ќе продолжат со своите активности сè додека не бидат затворени сите капацитети за производство на оружје на „Елбит системс“ во Велика Британија.
- Пропалестинските приврзаници го запреа производството на вооружените беспилотни летала
Членовите на групата „Palestine Action“, исто така, започнаа акција во фабриката на компанијата во градот Лестер на 19 мај, со што запре производството на вооружените беспилотни летала.
Информирајќи дека во објектот се произведуваат вооружените беспилотни летала „Хермес“, што се користат во Газа, активистите соопштија дека имаат за цел „што е можно повеќе да ја нарушат работата на фабриката“.
На профилот на групата на социјалната мрежа Твитер беа објавени фотографии за кои се тврди дека се направени во внатрешноста на објектот и на кои се прикажани делови од вооружените беспилотни летала.