Zehra Ulucak
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
КАРАКАС (АА) - Еден од лидерите на венецуелската опозиција и заменик-претседателот на Националниот конгрес, Фреди Гуевер, засолнет е во комплексот на амбасадата на Чиле во Каракас, со цел да го избегне апсењето, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерство за надворешни работи на Чиле соопшти дека со задоволство го примиле Гуевер и неговата девојка, кои во резиденцијата на амбасадата во главниот град на Венецуела влегоа синоќа.
Венецуелските власти сè уште не го коментираа случајот, а 24 часа пред влегувањето на Гуевер во амбасадата на Чиле, неговиот дом беше опкружен со возилата на венецуелската разузнавачка служба Себин.
Венецуелскиот Врховен суд, кој е под контрола на Владата, забрани напуштање на земјата и побара укинување на парламентарниот имунитет на Гуевер.
Тој е обвинет за нарушување на мирот и други сериозни кривични дела за време на неколкумесечните антивладини протести во Венецуела.
Опозицијата тврди дека тоа се неосновани тврдења со кои диктатурата во Венецуела сака да ги замолчи неистомислениците.