Ömer Faruk Yıldız
24 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
ЖЕНЕВА (АА) ‒ Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за бегалци, Филипо Гранди, истакна дека ОН се загрижени поради брзото влошување на ситуацијата во Украина и актуелната воена акција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку соопштение Гранди ја оцени руската интервенција во источна Украина.
Нагласувајќи дека порастот на воените тензии во регионот ќе има сериозни последици за цивилите, Гранди рече: „Тука нема победници, само ќе бидат уништени многу животи.“
Истакнувајќи дека цивилите почнале да ги напуштаат своите домови во областите на конфликт, Гранди рече дека животите на цивилите и цивилната инфраструктура мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното право за човекови права.
Гранди наведе дека Високиот комесаријат за бегалци на ОН е во контакт со своите локални партнери во Украина за да обезбеди хуманитарна помош за регионот и дека ги повикуваат соседните земји да ги задржат своите граници отворени за влез на граѓаните на Украина.
Посочувајќи дека ОН и институциите поврзани со нив ги интензивираат своите активности во Украина и во соседните земји, Гранди рече: „Загрижени сме поради брзото влошување на ситуацијата во Украина и актуелната воена акција.“
Меѓу другото, Гранди додаде дека ќе продолжат со решителниот став во помагањето на цивилите погодени од тензиите во Украина и земјите од регионот.