Murat Temizer
24 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
АНКАРА
Украина ја прекина размената на електрична енергија со Русија и Белорусија на тридневен пробен период, според „Енерџи чартс“, снабдувач на интерактивни графики за производство на електрична енергија и цени на размена на електрична енергија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Увозот на електрична енергија во Киев од Москва беше повторно вметнат во средата, 23 февруари во 22:00 часот по средноевропско време (CET), што е еквивалентно на 12:00 часот по локално време.
Според информациите собрани од Агенција Анадолија од „Енерџи чартс“, купувањето електрична енергија на Украина од Белорусија беше прекинато на 23 февруари во 00:00 часот по средноевропско време (14:00 часот по локално време) и ќе трае до крајот на 26 февруари, за чие време Украина ќе го тестира електроенергетскиот систем.
Иако се вели дека овој прекин бил планиран, некои експерти тврдат дека тензиите меѓу Русија и Украина го забрзале процесот на поврзување на Киев со европската електрична мрежа.
Украина, која испраќа мали количества електрична енергија во двете земји, ја заврши размената на електрична енергија со Белорусија на 23 февруари во 13:00 часот по средноевропско време (15:00 часот по локално време) и со Русија на 24 февруари во 9:00 часот по средноевропско време (11:00 часот по локално време).
Последното снабдување со електрична енергија од Белорусија за Украина, достигнувајќи нивоа од 900 мегавати, беше направено на 22 февруари.
Според податоците на Министерството за енергетика на Украина, земјата троши околу 23.000 мегавати електрична енергија и има дополнителен капацитет за генерирање на 3.400 мегавати.
Четири украински нуклеарни централи, составени од 15 нуклеарни единици, произведуваат околу 55 отсто од потребите на земјата. Термоелектраните генерираат 29 отсто, додека останатиот дел се напојува од други извори.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во февруари минатата година ги објави плановите на земјата да ја прекине електричната мрежа со Белорусија и Русија до крајот на 2023 година.
Иако од времето на Сојузот на Советските Социјалистички Републики, украинската електрична мрежа е дел од единствена мрежа која ги вклучува Белорусија и Русија, Кулеба рече дека Украина сака да се исклучи од оваа мрежа и да ја направи украинската електрична мрежа интегриран дел од Европската мрежа до крајот на 2023 година.
Украина инвестира повеќе од 700 милиони долари во последните години за да го обнови својот систем за електрична енергија.