Shadi Khan Saif
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку еден припадник на Војската на Соединетите Американски Ддржави (САД) е убиен утринава во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веста за убиството на американскиот војник ја потврди и Командата на Мисијата на одлучна поддршка, која во Авганистан ја спроведува Северноатлантскиот сојуз (НАТО).
Паралелно со тоа, портпаролот на талибанското милитантно движење, Забиулах Муџадед, соопшти дека талибанските милитанти убиле американски војник во северната покраина Кундуз.
Од почетокот на годината во Авганистан животот го загубија најмалку 20 американски војници.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Делегациите на САД и Талибанците ги започнаа мировните преговори минатиот декември во Доха. Делегациите беа близу до постигнување договор во почетокот на септември, но преговорите беа прекинати поради нападот во Кабул во кој загина американски војник.
Процесот на преговори неодамна беше обновен, но минатата недела имаше уште една суспензија, повторно поради нападот во Кабул, за кој талибанското движење ја презеде одговорноста.
Само во првата половина од оваа година во Авганистан настрадаа 3.812 лица, од кои 1.366 се убиени, додека 2.446 се ранети.