Sayed Khodaberdi Sadat
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
КАБУЛ (АА) - Во провинцијата Нангархар која се наоѓа во источниот дел на Авганистан, убиен е член на ДЕАШ, одговорен за медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението кое го дадоа американските единици во Авганистан, во воздушниот нападот изведен на 3 јуни во близина на градот Ачин, убиен е Џавад Хан, член на ДЕАШ, одговорен за медиумите.
Во соопштението се нагласува дека во нападот не биле загрозени животите на цивилите.
Во авганистанската провинција Нангархар, веќе една година траат операциите насочени кон терористичката организација ДЕАШ. Пред околу 1,5 месеци, во провинција Нангархар беше изведен напад во кој животот го загуби Абдул Хасиб, авганистанскиот лидер на ДЕАШ.