Sayed Khodaberdi Sadat
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската западна покраина Херат, запалени се и уништени 13 тони наркотици кои претходно се запленети во авганистанската покраина, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот началник во Херат, Аминула Амархил, истакна дека во период од осум месеци во Херат биле запленети 13 тони наркотици, кои потоа биле запалени и уништени.
Тој рече дека во овие рамки биле приведени 454 лица кои вршеле шверц на наркотици.
Нагласи дека шверцерите се обиделе преку Херат да ги пренесат наркотиците во соседните земји.