Muhammed Emin Canik
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
БУЕНОС АИРЕС
Во јужноамериканската држава Боливија се случи трагична несреќа откако патнички автобус падна во провалија. Во несреќата загинаа 34 лица, а 10 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите што ги објавија националните медиуми во Боливија се наведува дека патничкиот автобус што се обраќал на релацијата меѓу градовите Потоло - Сукре во департманот Чукисака паднал во провалија, при што животот го загубиле 34 лица, а 10 се повредени.
Луис Асаф, директорот на Одделот за сообраќајни операции, во врска со несреќата ја даде следната изјава: „Ситуацијата тука е навистина болна. Роднините на починатите доаѓаат на местото на несреќата за идентификација на своите најблиски, навистина е многу трогателно она што го доживуваат.“
Асаф објасни дека автобусот паднал во провалија длабока повеќе од 150 метри и додаде дека меѓу повредените што се префрлени во најблиските болници има лица кои се во тешка здравствена состојба.
Започната е истрага за откривање на причината на несреќата.