Ali Kemal Akan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - АЛИ КЕМАЛ АКАН -
Во терористичките бази и кампови за обука на подрачјето на ослободените делови на Африн собрани се голем број докази дека групата ПЈД е сириски органок на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранка“ со цел ставање крај на окупацијата и неутрализација на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното подрачје на Африн, Сирија.
Досега е ослободено поширокото подрачје и повеќе населени места во кои се наоѓаат голем број на терористички бази и кампови кои јасно укажуваат дека ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
На снимките од тие бази и кампови, како и на снимките од ослободените населби се гледа дека пропагандните пароли на ПКК се истакнати во прв ред, како и постерите на водачот на терористите на ПКК, Абдула Оџалан.
Турските сили со беспилотни летала извршија воздушен напад и срушија голем бетонски споменик со ликот на Оџалан на подрачјето на окупираниот Африн, што е уште еден доказ за нераскинливата врска меѓу терористите на ПЈД и ПКК.
Меѓу ослободените места е и Булбул кое терористите на ПЈД/ПКК претходно го прогласија за несоборливо упориште, каде што се наоѓа зграда во која терористите одржувале важни состаноци и обуки.
На снимките од тој објект се гледа дека е истакната фотографијата на Оџалан на ѕидот, часовник со карта на таканаречен Курдистан и фотографии на загинатите терористи. Турските сили и силите на сириската опозиција за време на ослободувањето на тоа место на земја ги фрлија сите симболи на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Паралелно со тоа, маскирани припадници на терористичката организација ТКП/МЛ порачаа дека во борбата против Турција во Африн ќе ги поддржат терористите на ПЈД/ПКК.
Во екот на терористичката кампања која за цел има операцијата „Маслинова гранка“ да ја претстави како операција против цивилите, терористите на ПЈД/ПКК на фронтовите одат во цивилна облека и убиените терористи ги претставуваат како цивилни жртви.
Протерористичките елементи на социјалните мрежи објавија снимка од протестен марш кој е снимен наводно во Африн, а на снимката се гледа како е истакнат постер со ликот на терористка која загинала во самоубиствен бомбашки напад, и тоа дека жените и малолетниците во цивилна облека носат оружје.