Sayed Khodaberdi Sadat
17 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад на подрачјето Мазари Шариф, во северниот дел на Авганистан, ранети се 18 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Адилшах Адил, портпаролот на полицијата Белха, изјави дека бомбата е претходно монтирана на велосипед и дека е активирана додека на тоа подрачје патролирало полициско возило.
Тој потврди дека се ранети 18 лица, меѓу кои 12 цивили. Во тек е истрагата за овој случај. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза што се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Само во првата половина од оваа година во Авганистан настрадаа 3.812 лица, од кои 1.366 се убиени, додека 2.446 се ранети.