Hasan Esen
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел започна фестивалот „Време за цвеќе“, во текот на кој Големиот плоштад (Grand Place) и Градското собрание се украсени со околу 100.000 цвеќиња, јавува Anadolu Agency (AA).
На плоштадот во срцето на Брисел, дезените на килимите се исткаени од цвеќиња, зеленчук и овошје.
Координаторката на програмата, Анета Кац, изјави дека луѓето кои живеат во големи градови како што е Брисел, покажуваат интерес за градинарските работи, дури и ако немаат градина.
„Фестивалот 'Време за цвеќе' сето тоа го спојува во една манифестација“, истакна Кац.
За време на фестивалот ќе биде организирана и „Ноќ за цвеќињата“, а во текот на програмата ќе се продава храна и пијалаци својствени за Белгија. Ќе настапат и белгиски уметници.
Фестивалот кој за првпат се одржа во 2013 година, ќе трае до 15 август.
Во Белгија се организира и Фестивалот на цветниот килим. На таа манифестација голем дел од плоштадот е покриен со цветен килим.