Islam Uddin
30 Јануари 2026•Ажурирај: 02 Февруари 2026
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 41 милитант се убиени во две одделни безбедносни операции во југозападната покраина Белуџистан, соопшти пакистанската Армија денес, јавува Анадолу.
Според соопштението издадено од Службата за односи со јавноста на Вооружените сили (ISPR), операциите биле спроведени вчера во подрачјата Харнаи и Панџгур, по разузнавачките извештаи за присуство на милитанти.
Во првата операција, спроведена на периферијата на подрачјето Харнаи, 30 милитанти убиени се за време на интензивна размена на оган. Уште 11 милитанти се убиени во посебна операција во подрачјето Панџгур.
Безбедносните сили, исто така, запленија од милитантите големо количество оружје, муниција и експлозиви, се вели во соопштението.
Освен оружје и муниција, од убиените терористи беа запленети и ограбените пари од банка во Панџгур на 15 декември 2025 година, се вели во соопштението, во кое се додава дека терористите претходно биле вклучени во голем број терористички активности.
Според податоците на ИСПР, вкупно 79 милитанти се убиени во шест различни операции спроведени овој месец во провинциите Хајбер Пахтунхва и Белуџистан.
Во Пакистан во последните години повторно е зголемено милитантното насилство, особено во неговите западни и југозападни региони.