Kayhan Gül,Şenhan Bolelli,Barış Seçkin,Bayram Altuğ
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
САРАЕВО
Бројот на случаи со новиот вид коронавирус Ковид-19, што се појави во Кина, продолжува да се зголемува во европските земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денес во Шпанија откриени се 7 нови случаи, а бројот на случаи низ целата земја достигна 32.
Во Хрватска се откриени 2 други лица, кои имале контакти со 3-те лица, кај кои претходно беше идентификувано дека се заболени со коронавирус. Со тоа, бројот на случаи во земјата се зголеми на 5.
Бројот на случаи со Ковид-19 во Швајцарија се зголеми на 15, во Грција на 4, а во Холандија на 2.
Во Италија до денес од коронавирусот починаа вкупно 17 лица, а овој вирус е откриен кај 650 лица. Италија побара заштитни медицински маски од Агенцијата за цивилна одбрана на Европската Унија.
Од друга страна, 90-тиот Автомобилски саем во Женева, планиран да се одржи од 5 до 15 март, беше откажан поради појавата на Ковид-19.
Изразувајќи жалење поради одлуката за откажување, организаторите на саемот рекоа дека за нив приоритет претставува здравјето на учесниците.