Ahmet Furkan Mercan
09 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
ТОКИО
Во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што се случи североисточно од јапонскиот главен град Токио ноќта на 7 октомври, бројката на повредени се зголеми на 43, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија информираше дека земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што ја потресе провинцијата Чиба на 7 октомври во 22:41 часот по локално време, бил на длабочина од 80 километри.
Јапонската Агенција за метеорологија информираше дека последователните потреси со сличен интензитет можат да траат една недела и го предупреди населението дека треба да биде претпазливо, бидејќи можни се одрони на камења и свлечишта.
Агенцијата „Кјодо“ објави дека бројот на повредени на подрачјето од Токио и околните префектури од земјотресот се зголемил на 43. Јапонската Агенција за управување со пожари и катастрофи информираше дека едно лице повредено во Саитама и едно во Чиба се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Министерството за копнена инфраструктура, транспорт и туризам објави дека во Токио не работат околу 75.000 лифтови. Во соопштението се наведува дека 28 лифтови биле заглавени, но дека сите заробени луѓе во нив се извлечени.