Mazin Majeed Asaad Baqal
10 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
БАГДАД (АА) - Во главниот ирачки град Багдад е убиен фоторепоретрот Самр Али Секара, кој работел за една локална телевизија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хатем Џабири од ирачката полиција за АА потврди дека Секара бил убиен со огнено оружје. Како што изјави тој, телото на фоторепортерот го пронашле припадниците на безбедносните сили, покрај патот на западниот дел на Багдад.
На телото имал прострелна рана. Џебири додаде дека истрагата е во тек.
Од Центарот за слобода на истражувањето во Ирак го осудија убиството на Секара и го повикаа премиерот Адил Абдулмехди да преземе чекори за сторителите да се донесат пред лицето на правдата.
Самр Али Секара работел за телевизиската станица „Алхура“, а која, како што е познато, ја финансираат Соединетите Американски Држави (САД).