Emre Aytekin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Во тек е втората фаза на клиничкото испитување на вакцината против новиот тип на коронавирусот во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според текстот што го објави Чајна Дејли, во Вухан започнала втората фаза на клиничкото испитување на вакцината што ја развиле истражувачите од Биотехнолошкиот институт на Кинеската воено-медицинска академија.
Околу 500 волонтери, од кои најстариот има 84 години, учествуваат во испитувањето на втората фаза во болницата при универзитетот Вухан.
По првата фаза, во која е тестирана една група луѓе, во втората фаза цел е да се испита вакцината врз поголема група луѓе.
Клиничките испитувања на вакцината се одобрени на 17 март, а првата фаза заврши истиот месец. Доколку втората фаза на испитувањето биде успешно, вакцината во третата фаза ќе се тестира на повеќе од 1.000 субјекти.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, проширувајќи се во повеќе од 200 земји и региони од светот. Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19. Досега низ светот од Ковид-19 се заразени повеќе од 1,8 милиони лица, а од последици предизвикани од новиот тип на коронавирусот починаа повеќе од 110.000 лица.