Emre Aytekin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Според последните информации, во моментов во светот новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 1,9 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на страницата „Worldometer“ која објавува најнови информации во врска со новиот тип на коронавирусот, во моментов во светот се детектирани 1.903.073 случаи на заразеност со Ковид-19.
Најмногу случаи на заразување се регистрирани во САД 573.827. По САД најмногу заразени се во Шпанија 169.469, потоа во Италија 159.516, Франција 136.779, Германија 128.092 и Велика Британија 88.621.
Во Кина каде се појави вирусот, заразени се 82.160 лица.
Во Иран на Ковид-19 се позитивни 73.303 лица, Турција 61.049, Белгија 30.589, Холандија 26.551, Швајцарија 25.688 и Канада 25.546.
Во Бразил со Ковид-19 се заразени 22.720 лица, Русија 18.328, Португалија 16.934, Австрија 14.037, Израел 11.235, Шведска 10.948, Ирска 10.647, Јужна Кореја 10.537 и Индија 10.453. Ова се земји во кои се заразени повеќе од 10.000 лица.
Откако во декември минатата година се појави во Кина, коронавирусот се прошири на околу 200 земји и региони.
Ширум светот починаа 118.362 лица, а се излекуваа 439.072. Во моментот се хоспитализирани 1.345.639 лица.