Fuat Kabakçı
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина има портокалов аларм поради загадување на воздухот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Националниот метеоролошки центар на Кина наведуваат дека портокаловиот аларм е издаден од северните и источните делови на земјата. Поради големата загаденост на воздух видливоста е намалена на 100 метри. Возачите се предупредени да го прилагодат возењето со условите на патот.
Поради загадувањето на воздух во Кина на сила се наоѓаат четири нивоа на аларми, син, жолт, портокалов и црвен. Поголемиот дел од кинеските градови се меѓу најзагадените градови во светот.