Fuat Kabakçı
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
ПЕКИНГ (AA) - Во Кина се пронајдени најстарите фосилизирани животински отпечатоци во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека најраните траги биле откриени за време на истражувањето на научниците од Институтот за геологија и палеонтологија во Нанѓинг и од американскиот Технолошки универзитет „Вирџинија“. Истражувањето е спроведено во три области во близина на реката Јангцекјанг.
Се претпоставува дека трагите подредени во две паралелни линии припаѓаат на периодот од пред помеѓу 541 и 551 милиони години.
Научниците претпоставуваат дека трагите би можеле да припаѓаат на предците на членконогите или на прстенестите црви.
Истражувањето беше објавено во списанието „Sceince Advance“.