Emel Öz Gözellik
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Во американската сојузна држава Хаваи, од почетокот на месец мај, активен е вулканот Килауеа. Лавата што протекува од вулканот, го исполнува просторот по кој се разлева и формира ново копно, јавува Anadolu Agency (AA).
Венди Стовал, геолог од Американскиот геолошки завод (УСГС), изјави дека во потполност се уништени некои подрачја на Хаваи, додека некои заливи на островот се исполнети од лавата и формирано е ново копно.
Стовал соопшти дека одморалиштето „Vacationland“, кое се наоѓа на островот, во потполност е проголтано од лавата, додека во подрачјето на Капохо, формирано е ново копно.
Стовал најави дека вулканот ќе има уште поголеми ерупции.
Вулканот Килауеа, кој стана активен минатиот месец, со лавата што се излева од него, камењата и отровниот гас, предизвика евакуирање на околу 2.000 луѓе во побезбедни подрачја.