Burç Eruygur
17 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку едно лице загина, а 11 лица се повредени кога киргистански воен хеликоптер Ми-8 се урна во близина на главниот град Бишкек за време на лет за обука, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на земјата.
Повредените се префрлени во болница, а започната е истрага за инцидентот, се вели во соопштението на Министерството.
Се истакнува дека некои функционери на воздухопловните сили биле привремено ослободени од нивните позиции за да спроведат објективна истрага.