Burç Eruygur
17 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина го осуди иранскиот ракетен напад од понеделникот врз северниот ирачки град Ербил, јавува Анадолу.
„Киев им изразува сочувство на семејствата на жртвите и им посакува брзо закрепнување на сите повредени“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.
„Украина го поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Ирак“, се додава во соопштението.
Исто така, се вели дека таквите акции на Иран претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност и стабилност, како и дека „флагрантно ги кршат нормите на меѓународното право“.
„Иран мора да се откаже од своите деструктивни акции во светот“, се додава.
Иранската Исламска револуционерна гарда денес соопшти дека лансирала балистички ракети против позициите на „антииранските терористички организации“ и нивните поддржувачи во Сирија и Ирак.
Гардата тврдеше дека уништила седиште на израелската шпионска агенција Мосад во северен Ирак како одговор на нејзината улога „во смртта на командантите на Иранската Исламска револуционерна гарда и отпорот“ и планирањето на терористички напади во Иран.