Ömer Faruk Yıldız
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Во Малезија безбедносните сили со беспилотни летала контролираат дали граѓаните се придружуваат до делумниот полициски час во земјата, кој трае повеќе од една недела донесен во рамки на мерките преземени против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на официјалната новинска агенција „Бернама“, во главниот град Куала Лумпур безбедносните сили ден и ноќ користат 10 беспилотни летала за да контролираат дали граѓаните се придржуваат на делумниот полициски час.
Од беспилотните летала на кои се додадени звучници, граѓаните кои излегуваат на улица се предупредуваат да се вратат во своите домови.
Малезискиот министер за одбрана, Исмаил Сабри Јакуб, соопшти дека за два дена приведени се 482 лица кои не го почитуваат делумниот полициски час.
Наведувајќи дека се поставени 1.046 блокади на патиштата за надгледување на забраната на движење низ целата земја, министерот Исмаил рече дека од 18 март кога започна полицискиот час, контролирани се 240.544 возила.
Исто така се наведе дека бројот на случаи на Ковид-19 во Малезија изнесува 2.320, а досега животот го загубија 27 лица.