Muhammet Nazım Taşcı
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачин од 5,8 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 105 километри јужно од градот Палу.
Во ова соопштение се нагласува дека земјотресот со јачина од 5,8 степени се случил на длабочина од 40 километри.
Според вестите на локалните медиуми, досега нема жртви или повредени во земјотресот, додека не е даден аларм за цунами.
Инаку, вчера индонезиската источна покраина Папуа беше погодена од земјотрес со јачина од 5,9 степени, додека на 22 март се случи земјотресо со јачина од 5,1 степени во индонезиската покраина Централно Сулавеси.