Sayed Khodaberdi Sadat
01 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Во напад кој Талибанците го извршија во Балх, на северниот дел на Авганистан, убиени се 11 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот од Кабинетот на гувернерот на Балх, Мунир Ахмед Ферхад, изјави дека милитантите го нападнале центарот на подрачјето Шор Тепе од четири правци.
Во нападот животот го загубија 11 полицајци, а во подрачјето се пратени додатни единици.
Сведоците наведуваат дека милитантите по нападот влегле во центарот на подрачјето.
Талибанците, од друга страна, тврдат дека во нападот се убиени 30 припадници на безбедносните сили.