Hafawa Rebhi
18 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица, вклучувајќи жена и дете се избодени кога маж на пазар во градот Турку во Финска со нож ги нападна луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата го застрела мажот кој на пазарот го изврши нападот со нож.
Центарот на градот кој се наоѓа на југозападниот брег на Финска е потполно блокиран.
Локалните медиуми наведуваат дека се повредени шест лица.
Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат просторот во близина на пазарот.