Dmitri Chirciu
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БАКУ
Бројот на загинати цивили во нападите на ерменската Војска врз цивилните населени места во Азербејџан се зголеми на 27, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Главното обвинителство на Азербејџан.
Во соопштението се вели дека ерменската Војска продолжува со нападите врз азербејџанските цивилни населени места.
Се вели дека бројот на загинати азербејџански цивили во нападите извршени од 27 септември досега од страна на Ерменија се зголеми на 27, додека бројот на повредени се зголеми на 141.
Според соопштеното, во овие напади оштетени се 376 станбени објекти и 63 згради на јавни установи.