ИДЛИБ
Режимот на Башар ал Асад продолжува со интензивните гранатирања од копно и воздух врз цивилните населби во зоната за деескалација во Идлиб, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од синоќа продолжуваат интензивните напади од копно и воздух од режимот на Асад врз градовите Хан Шејхун, Кефренбил, појасот Теменија и селата Термела, Маратинуман, Абидин и Суфухен.
Додека траат копнените и воздушните напади, не се знае точната бројка на загинати и ранети.
Мухамед Рашид, портпаролот на војската на Насир, која е дел од Слободната сириска армија, за АА изјави дека не е воспоставен прекин на огнот меѓу вооружената опозиција и силите на режимот на Асад.
Рашид изјави „На социјалната мрежа е објавена вест за прекин на огнот, што е невистина. Не е обезбеден каков било прекин на огнот меѓу режимот на Асад и вооружената опозиција. Режиот и неговите поддржувачи во последните три дена убија повеќе од 30 цивили, меѓу кои има и деца.“
Рашит истакна дека лажните вести за воспоставениот прекин на огнот се пласираат намерно во периодите кога вооружената опозиција напредува наспроти силите на режимот, и додаде „Овој вид лажни вести се пропагираат со цел режимот да добие во време. Целта на овие вести е да се спроведе проверка на авионите на режимот на Асад и испраќање на дополнителни единици.“
Новинската агенција „Ројтерс“ (Reuters), врз основа на податоците од страна на руските медиуми објави вест во која се вели „Со посредство на Турција и Русија воспоставен е прекин на огнот во Идлиб.“
- Состојбата во зоната за деескалација во Идлиб
Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, областа Идлиб, која е сместена во северозападниот дел на земјата, важи за тврдина на опозицијата. Во моментов, популацијата на Идлиб, поради внатрешните миграции изнесува околу 4 милиони. Идлиб, кој од март 2015 година е под контрола на опозицијата, сега се наоѓа на врвот од листата на цели на силите од режимот.news_share_descriptionsubscription_contact
