Burç Eruygur
27 Март 2024•Ажурирај: 27 Март 2024
МОСКВА (АА) - Бројот на повредени во минатонеделниот напад на концертна сала во руската област Москва се зголеми на 360, објавија денес центарот на Министерството за здравство и русксата државна новинска агенција, јавува Анадолу.
Претставникот на Серускиот центар за медицина при катастрофи за ТАСС изјави дека утринава бројот на повредени во терористичкиот напад е 360, меѓу кои и 11 деца.
Тој додаде дека 92 од повредените се хоспитализирани, а 63 лица веќе се отпуштени од болниците, при што амбулантна нега им е укажана на 205 повредени.
Во петокот, вооружени напаѓачи отворија оган во концертна сала Крокус во Красногорск, областа на Москва, при што убија најмалку 139 луѓе.
Истражниот комитет објави дека привел 11 лица, меѓу кои и четворица сторители, во пограничниот регион Брајанск, кои биле на пат за Украина.
Тие беа обвинети за тероризам, а им беше одредена мерка притвор до 22 мај.