Ahmet Dursun
18 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку едно лице загина, а повеќемина се повредени во немирите што вчера избувнаа во затвор во иранскиот град Караџ, сместен североисточно од главниот град Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хусеин Фазли Херикенди, главниот обвинител на покраината Алборз, изјави дека избувнал судир меѓу затворениците во одделот во кој се држат престапниците за дрога во Централниот затвор во Караџ, објави новинската агенција ИРНА.
Херикенди наведе дека во текот на судирите животот го загубил еден затвореник од последици на каменување од другите осуденици, додека повеќе лица се повредени. Судирите се запрени со интервенција на безбедносните сили. Главниот обвинител Херикенди соопшти дека на некои од повредените им е укажана помош во затворот, додека двајца затвореници, кои се тешко повредени, се префрлени во болница.
Иранската организција за човекови права со седиште во Норвешка објави дека затворениците од 4. оддел на Централниот затвор во Караџ започнале бунт.
Според наводите на оваа организација, осудениците се побуниле откако еден од осудениците осуден на смрт бил преместен од својот оддел во друг оддел за извршување на казната.