Muhammed Temim Hocaoğlu
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца планинари загинаа, а еден исчезна на планината Кангченјунга, во Непал, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица потврдија дека планинарите го загубиле животот од последица на вистинска болест и студ. Загинале додека на спасување чекал еден државјанин на Индија.
Се работи за планинари кои неколкупати се искачувале на највисоките врвови. Поради ниското ниво на кислород и мраз, отежнат е пристапот до телата.
На истото подрачје во тек е акцијата на барање на телата на планинарите од Чиле.
Непал е дом на осум најголеми врвови во светот. Стотици планинари доаѓаат во земјата за време на пролетната сезона на искачување која трае од април до мај. Два месеца нудат доволно атракции за планинарите да ги истражуваат снежните врвови.