Ekipa
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
КАТМАНДУ (АА) - Дел од туристите што ќе се одлучат да го освојат врвот на Монт Еверест во наредните два месеца ќе бидат следени со џи-пи-ес уреди заради безбедност и за да се спречат лажните објави дека го освоиле највисокиот врв во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на непалскиот оддел за туризам, Дурга Дута Дхакал, рече дека некои од планинарите ќе бидат поврзан со џи-пи-ес уред за време на пролетниот поход на врвот висок 8.850 метри.
Во април и мај, се очекува стотици планинари да учествуваат во освојувањето на највисокиот врв во светот, но само некои од нив ќе бидат следени со џи-пи-ес, како дел од експеримент.
Минатата година, индиска двојка тврдеше дека се искачиле врвот, за што добија сертификат од страна на Владата на Непал, но подоцна се утврди дека нивната слика наводно е лажна.