Adam Abu-bashal
22 Април 2021•Ажурирај: 25 Април 2021
АБУЏА
Во нигериската сојузна држава Бајелса 55-годишната Тегбе Авусазиба роди тројка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, Авусазиба долги години сакала да има дете, а сега, иако во понапредна возраст, стана мајка на тројка.
Авусазиба по породувањето нагласи дека поради својата возраст, не верувала ниту дека е бремена.
Таа изјави дека е многу среќна што по долги години станала мајка.
„Упатувам благодарност до Господ што денес не станав само мајка, туку мајка на тројка“, додаде Авусазиба.
Во веста се вели дека мајката и децата се во добра здравствена состојба.