Adam Abu-bashal
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
АБУЏА
Обединетите нации (ОН) соопштија дека секоја година 22.000 деца во Нигерија се инфицираат со вирусот ХИВ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставникот на УНИЦЕФ во Нигерија, Клаес Јохансон, нагласи дека и покрај различни кампањи кои се реализираат против ХИВ во земјата, овој вирус продолжува да се шири.
Јохансон информира дека секоја година 22.000 деца во земјата се инфицираат со ХИВ.
Тој истакна дека оваа состојба во земјата е загрижувачка.
Од друга страна, директорот на Националната програма за контролирање на СИДА во Нигерија, Алиу Гамбо, рече дека во 2016 година во земјата околу 13.000 бремени жени кои имале ХИВ, не успеале да се лекуваат.
Гамбо нагласи дека оваа бројка во 2019 година се зголемила на 421.000.
Како што истакна тој, потребно е да се подготват мапи на патот, особено за жени и деца во насока на борбата против ХИВ/СИДА.