Sayed Khodaberdi Sadat
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Во рамки на операцијата извршена во авганистанската источна покраина Нангархар, убиени се седум припадници на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на 201. Команда на корпусот „Силаб“, хеликоптер на силите на НАТО извршил бомбардирање во засолништата на ДЕАШ во подрачјето на Назиан во Нангархар.
Во соопштението се наведува дека во овие рамки убиени се седум припадници на ДЕАШ, а операциите во овој регион продолжуваат.