Sinan Uslu
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка" досега се неутрализирани 1931 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Генералштабот на турската армија се вели дека продолжува операцијата во северозападниот дела на Сирија, во подрачјето на Африн започната на 20 јануари со цел неутрализирање на терористите на ПЈД/ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ и воспоставување безбедна и стабилна состојба во граничните подрачја и во регионот.
Од почетоот на операцијата досега, бројот на неутрализирани терористи изнесува 1931.
Две села ослободени од рацете на терористите
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија, југозападно од Африн, од тероритите ослободија уште две села.
Според информациите добиени од новинарот на АА на теренот, ТСК и Слободната војска на Сирија, југозападно од Африн, во подрачјето на Џиндерес, од рацете на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободија селата Хаџилар и Ебу Кабе.
Од почетокот на операциите досега, ТСК и Слободната војска на Сирија од окупацијата на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија 103 стратешки точки, во кои спаѓаат седиштето на еден од петте појаси во Африн, 75 села, 6 селца, една терористичка база и 20 стратешки планини и ридови.
Неурализирани се 782 цели на терористичката организација
Од почетокот на операцијата Маслинова гранка, авионите на турското воено воздухопловство уништија 782 цели на терористичката организација