Adam Abu-bashal
12 Март 2023•Ажурирај: 16 Март 2023
Петнаесет лица го загубија својот живот во оружениот напад извршен во нигериската сојузна држава Кадуна, пренесува Анадолу.
Според вестите на националните медиуми, Франсис Сани, управител на областа Зангон Катаф, изјави дека припадниците на вооружена банда извршиле напад во Зангон Катаф при Кадуна.
Сани истакна дека во нападот смртно настрадаа 15 лица, а бројни лица се повредени.
Тој информира дека како резултат на нападот, во одредени зони се спроведува полициски час.
Нигерија се соочува со напади на вооружени банди, како и на терористичките организации, како Боко Харам и ИСВАП.