Ekipa
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
ГАЗА (АА) - Стотици домови беа оштетени во израелските напади оваа недела во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинскиот заменик-министер за труд и просторно планирање, Наџи Сархан, за време на прес-конференцијата одржана во просториите на Министерството, се осврна на причинетата штета од последните израелски напади.
„Вкупно 1.252 објекти се уништени во последните напади на израелската Војска во Газа“, соопшти министерот Серхан на денешната прес-конференција во Газа.

Тој истакна дека во израелските напади целосно се уништени 77 станбени единици.
„Нападите предизвикаа штета на станбените објекти во вредност од 6 милиони долари“, рече Серхан, повикувајќи ја меѓународната заедница „да интервенира, со цел да стави крај на израелската агресија, и да ги заштити цивилите и цивилните објекти“ во Газа.

Најмалку 14 Палестинци загинаа во израелските воздушни и артилериски напади во блокираниот Појас Газа оваа недела. Наводно, загинал најмалку еден израелски војник, а еден бил повреден.
Насилството прекина во вторникот, откако со помош на Египет беше постигнато примирје помеѓу фракциите на отпорот во Газа и Израел.