Muhammed Enes Çallı
26 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека нападите врз Газа веќе ја имаат надминато секоја граница на самоодбрана и се претворени во отворено насилство, суровост, масакр и варварство, јавува Анадолу.
„Никој не треба од нас да очекува да молчиме додека злосторствата се случуваат пред наши очи“, рече Ердоган на состанокот на Семејниот совет во турскиот главен град Анкара.
Критикувајќи ја Европската Унија (ЕУ) за неуспехот да се заложи за прекин на огнот во Газа, Ердоган рече: „Уште колку деца треба да бидат убиени за Европската комисија да повика на прекин на огнот?“
„Уште колку тони бомби треба да бидат фрлени врз Газа за СБОН [Советот за безбедност на Обединетите нации] да направи нешто?“, нагласи Ердоган, продолжувајќи со критики за неефикасноста на Комисијата.
Претходно, портпаролот на Европската комисија за надворешни работи, Петер Стано, рече дека блокот не повикал на прекин на огнот поради тековните „напади“ од палестинската група Хамас. Стано ги повтори позицијата на ЕУ и нејзината поддршка за Израел.
„Оние што лесно носат пресуда за човековите права и слободи кога ќе се укаже можност, веќе 19 дена го игнорираат правото на живот на угнетените во Газа“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател рече дека од почетокот на конфликтот пред речиси три недели, придружен со прекин на комуналните услуги за Појасот Газа, Туркије пратила над 200 тони помош да стигне за Газа преку Египет.