Murat Özgür Güvendik
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Најмалку 14 лица загинаа во вооружен напад што се случи во ноќен клуб во Јоханесбург, главниот град на Јужноафриканската Република, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во Јоханесбург соопшти дека во инцидентот во клубот во округот Соеето се ранети уште најмалку девет лица, и дека сите се згрижени во болница.
Во соопштението се наведува дека полициските и другите надлежни екипи се на терен и вршат увид на местото на нападот.