Ekipa
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ШРИНАГАР (АА) - Индиската војска соопшти дека двајца цивили загинале, а тројца се ранети во престрелка меѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир, во спорниот хималајски регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Потполковникот Maниш Мехта, портпарол на индиската армија вели дека пакистанските војници започнале со бомбардирање и отвориле оган врз индиските контролни пунктови на армијата во саботата наутро, на линијата што ги разделува регионите меѓу Индија и Пакистан.
Според него, цивилите се убиени на територијата што е под индиска контрола.
Мехта додаде дека индиските војници возвратиле на огнот, и дека борбите сѐ уште траат.
Според цивилниот администратор, Шахид Икбал, убиено е 13-годишно девојче и 51-годишен човек.
Икбал истакна дека повеќе од 1.500 луѓе се заробени во своите домови во петнаесет села, кои се наоѓаат во близина на граничната линија.