Dmitri Chirciu
30 Ноември 2023•Ажурирај: 05 Декември 2023
МОСКВА (АА) - Судот во Русија пресуди ЛГБТ-движењето да се смета за екстремистичко и да се забранат неговите активности, јавува Анадолу.
Рускиот Врховен суд заседаваше во врска со активностите на ЛГБТ-движењето во земјата на барање на Министерството за правда.
На состанокот, кој беше затворен за јавноста, одлучено е ЛГБТ-движењето да се смета за екстремистичко и неговото дејствување да биде забрането.
Во соопштението на руското Министерство за правда од 17 ноември се наведува дека во активностите на ЛГБТ-движењето се откриени елементи на социјално и религиозно раздвојување и дека со тоа се прекршува законот.
Во врска со тоа, до рускиот Врховен суд е поднесено барање ЛГБТ-движењето да се смета за „екстремистичко“ и да се забранат неговите активности во земјата.
Со декретот потпишан минатата година од рускиот претседател Владимир Путин хомосексуалните односи во земјата се вклучени во рамките на „деструктивни идеи и вредности за руското општество“.